Cüneyt Karadağ
29 Декември 2019•Ажурирај: 30 Декември 2019
БЕРЛИН
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, повика на постојан прекин на огнот во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мас во изјавата за германската „Функе медија груп“ истакна: „Хуманитарната состојба во Идлиб е катастрофална и сѐ повеќе се влошува.“
Мас, истакнувајќи дека десетици илјади луѓе морале да ги напуштат своите домови како резултат на бомбашките напади, нагласи: „Овие луѓе приморани се да бегаат под тешки услови среде зима. Има потреба од итен прекин на нападите и постојан прекин на огнот.“
Во веста на „Функе медија груп“, исто така, се соопштува дека во Идлиб околу 225.000 луѓе ги напуштиле своите домови поради нападите на режимот на Асад и Русија и дека се движат кон границата со Турција.