Aida Cako
04 Декември 2025•Ажурирај: 06 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Голем графит насликан на ѕидот на поранешна затворска зграда во Исланд во знак на протест поради нападите на Израел врз Газа и изразување поддршка за Палестинците, го привлече вниманието на минувачите во главниот град, јавува Анадолу.
Графитот е насликан на задниот ѕид на историскиот затвор, а најголем дел од просторот зафаќа рачно напишаната исландска фраза „Frjáls Palestína“ што значи „Слободна Палестина“, придружена со прикажување на палестинското знаме.
Од десната страна на знамето е нацртано црвено срце во кое мајка го прегрнува своето дете, со повикот „прекин на огнот сега“ напишан и на англиски и на исландски јазик.
Во друг дел од ѕидот е истакната слика од новинарски елек со ознака „прес“, посветена на новинарите што ги загубија животите во израелските напади. До него има порака:
„Само оние што сакаат да ја скријат вистината би целеле кон новинари и би ги убивале.“
На ѕидот е прикажана и слика од лубеница, национален симбол на палестинскиот отпор. Семките во лубеницата ги носат имињата на некои од оние што ги загубија животите во Газа.