Furkan Naci Top
16 Март 2018•Ажурирај: 17 Март 2018
АТИНА (АА) - Судот во Грција по трет пат го одби барањето на Турција за испорачување на пучистите кои побегнаа во оваа земја по неуспешниот обид за воен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Врховниот суд на Грција (Arios Pagos), кон крајот на јануари минатата година донесе одлука за неиспорачување на осум пребегнати турски војници пучисти, кои како припадници на терористичката организација ФЕТО учествувале во неуспешниот обид за воен удар во Турција, а потоа со хеликоптер побегнале во Грција.
Турција потоа го повтори барањето за испорачување на пребегнатите пучисти, а Апелациониот суд во Атина во мај истата година повторно го одби барањето за испорачување.
Пучистите денес повторно се изведени пред судот. По излагањето на одбраната, обвинителката Евгенија Кивелу истакна дека иако во досието за испорачување се наоѓаат кривичнoте дела „убиство со намера“ и други обвиненија, таа смета дека барањето за испорачување не би требало да биде прифатено.
Одлуката на грчкиот суд беше во таа насока и одбиено е барањето за испорачување што го поднесе Турција.
Од грчкото правосудство се очекува на 4 мај оваа година да донесе одлука за барањата на пребегнатите пучисти, кои побараа азил во оваа земја.