Betül Yürük
16 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, по демонстрациите во американската сојузна држава Вирџинија, порача дека мора да се застане спроти расизмот, ксенофобијата, антисемитизмот и исламофобијата, пренесувa Anadolu Agency (AA).
„Расизмот, ксенофобијата, антисемитизмот и исламофобијата го трујат нашето општество. Во секое време и на секое место нив, мора да им се спротивставиме“, напиша Гутереш на Твитер. Гутереш.
Белите националисти во текот на викендот во Вирџинија организираа протести против планираното отстранување на статуата на генералот на Конфедерацијата Роберт Е. Ли, губитничката страна во Американската граѓанска војна, која траеше од 1861 до 1865 година.
Во Градот Шарлотсвил одржани се и паралелни протести на антирасиситите, а дојде и до немири во кои демонстрантите меѓусебно се судрија.