Sayed Khodaiberdi Sadat
03 Ноември 2021•Ажурирај: 04 Ноември 2021
КАБУЛ (АА) - Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за вооружениот и бомбашки напад врз болницата „Сердар Мухамед Давуд Хан“ во регионот Везир Акбар Хан во Кабул, главниот град на Авганистан, што се случи вчера напладне, пренесува Агенција Анадолија (АА).
ДЕАШ во објава на своите профили на социјалните мрежи истакна дека голем број припадници на талибанците, вклучително и истакнат талибански командант, се убиени во нападот извршен со пет напаѓачи.
Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, наведе дека во нападот се убиени четири цивили и тројца припадници на талибанците.
Според очевидци, во нападот загинале над 20 луѓе, а 40 се повредени.
Во напад на истата болница од страна на припадници на ДЕАШ во 2017 година животот го загубија повеќе од 30 лица, а речиси 50 беа повредени.
Терористичката организација ДЕАШ ги зголеми нападите откако талибанците ја презедоа контролата во Авганистан.
Од 15 август досега над 250 луѓе ги загубија животите во четири големи напади извршени од припадниците на организацијата, два напади во Кабул, еден во Кундуз и еден напад во Кандахар.