Bedrudin Brlyavac
30 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американската администрација на Барак Обама за прв пат потврди дека домашниот сервер на Хилари Клинтон содржел десетици е-мејлови означени како „строга тајна”, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Стејт Департментот, Џон Кирби, изјави дека документите не биле така класифицирани во времето кога биле испратени, но сега е наведено дека спаѓаат во најстрого чувана тајна.
„Пораките се означени како ,строга тајна', бидејќи би предизвикале голема штета по националната безбедност, доколку се отворат”, соопштија од Стејт Департментот.
Приватните е-мејлови на Клинтон, додека била државен секретар, станаа еден од проблемите на претседателската кампања во САД.
Американските медиуми наведуваат дека е ова прв пат нечиј е-мејл да добие било какво квалификациско ниво.