Esat Fırat
20 Јули 2021•Ажурирај: 22 Јули 2021
АЛ КУДС (АА) - Десетици илјади муслимани клањаа бајрамска молитва (намаз) во џамијата „Ал-Акса“ во Источен Кудс (Источен Ерусалим), кој се наоѓа под израелска окупација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Верниците во џамијата „Ал-Акса“ започнаа да пристигнуваат веќе во доцните вечерни часови, а во раните утрински часови во џамијата пристигнаа десетици илјади муслимани.
Портпаролот на Управата на исламски вакафи во Кудс, Фирас Дибс, рече дека бајрамска молитва клањале над 100.000 верници.
За муслиманите, „Ал-Акса“ претставува третото најважно светилиште, а Евреите сметаат дека на тоа место некогаш постоеле два еврејски храма.
Комплексот „Ал-Акса“, што зафаќа 15 отсто од старото јадро на Ал Кудс (Ерусалим), е под израелска окупација и претставува точка на спојување на трите најголеми религии во светот.