Американскиот државен секретар, Антони Блинкен, изјави дека неговата земја ја уважува Турција како сојузник со кој има долготрајна соработка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Блинкен денес допатува во Брисел на состанокот од шефовите на дипломатии на Северноатлантскиот сојуз (НАТО), а по разговорот со генералниот секретар на таа организација, Јенс Столтенберг, ги коментираше и односите со Турција.
„Не е тајна дека постојат одредени несогласувања. Турција е наш сојузник кој го уважуваме со долгогодишната соработка. Продолжувањето на приврзаноста на Турција кон НАТО е во корист на сите нас“, изјави Блинкен.
Блинкен изјави дека НАТО покажал дека знае да се носи со несогласувањата и дека покажал ефикасна улога во намалувањето на многубројните тензии, вклучувајќи ги и оние на Источниот Медитеран.
„Тоа е многу позитивен пример и треба да се продолжи да се работи на намалување на тензиите“, изјави Блинкен.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, на прашањето за Турција изјави дека таа организација има одреден страв во врска со несогласувањата за турската набавка на рускиот систем С-400 и случувањата на Источниот Медитеран.
„Јас за тие теми разговарав со официјалните претставници на Турција. НАТО има многу важна улога на платформата во рамките на која сојузниците седат, разговараат и се обидуваат да ги решат меѓусебните несогласувања и проблеми“, изјави Столтенберг.
Столтенберг го оцени како важен механизмот што е формиран за да се спречи избивање на судирите меѓу Турција и Грција на Источниот Медитеран.
„За надминување на политичките несогласувања се потребни силни институции. И покрај сите несогласувања, НАТО успева да ја извршува својата главна задача за зачувување на колективната безбедност“, изјави Столтенберг.