Nur Asena Ertürk
18 Октомври 2023•Ажурирај: 19 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Аеродромите во шест града низ Франција денес се евакуирани поради предупредувања за бомбашки напади, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
„Во прашање се аеродромите во градовите Лил, Лион, Тулуз, Ница, Нант и Бове“, наведува „Франс Блу“, цитирајќи полициски извори.
Се додава дека властите се на терен и се обидуваат да ја потврдат автентичноста на предупредувањето.
Официјални претставници на аеродромот добија закани за бомби по електронска пошта и аеродромот во Нант беше евакуиран поради предупредувања за сомнителен пакет.
Изминатите денови во Франција беа пријавени неколку закани за бомби, особено во училиштата и музеите.