Ata Ufuk Şeker
22 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
БРИСЕЛ (АА) - Европската полициска агенција (Европол) во вчера соопшти дека ПЈД и неговото воено крило ЈПГ се ограноци на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Европол соопшти дека ПЈД и неговото воено крило ЈПГ се ограноци на терористичката организација ПКК.
Се додава дека ПКК во текот на 2015 година во земјите на ЕУ не извела ниту еден терористички напад, но потсетуваат дека Унијата оваа организација ја смета како терористичка.
Се предупредува дека групите поврзани со ПКК во наредниот период би можеле да ги прошират активностите во ЕУ.
Во извештајот се наведува дека од јули 2015 година се зголемени активностите за собирање на финансиски средства и спроведување на пропагандата на ПКК.
Исто така, во извештајот се додава дека во земјите на ЕУ, во 2015 година се изведени вкупно 211 терористички напади.