Ömer Aydın
27 Септември 2018•Ажурирај: 27 Септември 2018
ПАРИЗ (АА) - Европскиот суд за човекови права (ECHR) едногласно го одби барањето во кое се тврди дека се врши мачење и лошо се постапува кон притворениот водач на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан, кој се наоѓа во затвор во Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Европскиот суд за човекови права е наведено дека е разгледано барањето кое во 2010 година го упатиле адвокатите на Оџалан, а во кое се тврди дека чуварите во затворот „Имрали“ во Турција, лошо постапувале и вршеле физичко насилство врз Оџалан. Судот донесе едногласна одлука дека се работи за неосновани тврдења.
Нагласено е дека не е пронајден доказ за тоа дека Оџалан бил изложен на физичко насилство, и дека Оџалан во тој период, како и подоцна, бил подложен на лекарски контроли, но не е утврдено дека имал физички или ментални потешкотии.
Водачот на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан, се наоѓа во затвор на островот Имрали, јужно од Истанбул, од 1999 година кога го уапсија турските специјалци.