Meryem Kasım
24 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
КАИРО (АА) – При активирање на автомобил бомба во близина на хотел во местото Ариш, во египетската покраина Северен Синај, загинаа четири лица а 14 се повредени, јавува Anadolu Agency(AA).
Како што наведуваат безбедносните извори, во хотелот престојувале и припадници на безбедносните сили како и обвинители, кои требало да ги надгледуваат парламентарните избори во Ариш.
Загинаа тројца полицајци и еден обвинител, а повредени се десет полицајци, двајца судии и двајца цивили.
Покрената е истрага за овој настан, а сè уште никој не презеде одговорност за нападот.