Mustafa Deveci
28 Декември 2023•Ажурирај: 31 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Агенцијата Анадолу со дрон го сними дистриктот Беит Лахија, на северот од блокираниот Појас Газа, каде што може да се забележи нивото на разурнување од израелските бомбардирања.
И покрај повиците на меѓународната заедница за прекин на огнот, нападите на израелската војска во Појасот Газа, каде што живеат околу 2,3 милиони Палестинци, продолжуваат од 7 октомври.
Местото Беит Лахија и понатаму е едно од главните цели на Израел, кој го напаѓа секој регион, без оглед дали станува збор за северниот, јужниот или централниот дел на Појасот Газа.
Беит Лахија, која се наоѓа на северот од Газа, е разурната поради разурнувачките бомбардирања на израелската војска. Екипата на АА со дрон ги сними уништените делови на Газа.
28.12.2023 Екипата на Анадолу со дрон ја сними разурнатата Газа
АНКАРА (АА) - Агенцијата Анадолу со дрон го сними дистриктот Беит Лахија, на северот од блокираниот Појас Газа, каде што може да се забележи нивото на разурнување од израелските бомбардирања, јавува Анадолу.
На снимките може да се види дека голем број згради се уништени, а многу се и сериозно оштетени.
Разурнувањата во Беит Лахија, кој личи на зона по земјотрес, ги откриваат тежината и обемот на израелските бомбардирања.
И покрај тешките разурнувања, некои Палестинци не сакаат да ги напуштат своите домови и останаа во регионот.
Поради израелските бомбардирања, покрај Беит Лахија, голем број места, особено Беит Ханун, Џабалија, Шуџаија, центарот на градот Газа, исто така се сведоци на големите разурнувања.