Serdar Dincel
08 Јули 2026•Ажурирано: 09 Јули 2026
Вечерва во Иран одекнаа експлозии, кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредувања за нови напади врз земјата, јавува Анадолу.
Новинската агенција „Мехр“ пренесе дека се пријавени осум експлозии во Бандар Абас, во јужен Иран.
Државната новинска агенција на Иран, ИРНА, објави дека околу десет експлозии се слушнале и во Чабахар и Конарак во југоисточниот дел на Иран, при што дошло до прекин на електричната енергија во делови од Чабахар.
Иранскиот државен сервис ИРИБ извести за експлозии во селото Тахуји во близина на Сирик, на островот Абу Муса во близина на Ормускиот Теснец, како и во југоисточниот пристаништен град Јаск.
Агенцијата „Мехр“ наведе дека иранската противвоздушна одбрана дејствувала против „непријателски цели“ во околината на Бандар Абас.
Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) потврди дека американските сили започнале нова серија напади врз Иран, со цел дополнително да се ослаби капацитетот на Техеран да го загрозува непреченото пловење низ Ормускиот Теснец.
Претходно, Трамп изјави дека Вашингтон веројатно повторно ќе го нападне Иран во текот на вечерта, како продолжение на американските воздушни напади извршени претходната ноќ поради нападите врз бродовите во Ормускиот Теснец.