Ferdi Türkten
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
АНКАРА
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган упати честитка до новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Кабинетот за комуникации на Претседателството на Турција наеведено е дека претседателот Ердоган во својата порака посакал резултатите од изборите да бидат корисни за граѓаните на пријателските и сојузничките Соединети Американски Држави (САД).
Ердоган потсети дека со Бајден имал можност да се состане повеќе пати во птекот на неговиот потпретседателски мандат во Белата куќа и констатираше дека односите на Турција и САД се стратешки.
„Денешните предизвици со кои се соочуваме на глобално и регионално ниво бараат понатаму да ги развиваме и јакнеме тие односи на основа на заедничките интереси и вредности. Ја повторувам нашата решителност во тој контекст во наредниот период тесно да соработуваме со американската администрација, верувам дека силната врска на соработката и сојузништвото на нашите земји ќе продолжи да пружа витален придонес кон светскиот мир. Ви честитам на изборниот успех и изразувам искрени желби за мир и просперитет на народите на Соединетите Американски Држави", порача Ердоган.