Ferdi Türkten
19 Јуни 2021•Ажурирај: 20 Јуни 2021
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати честитки до Ибрахим Реиси, кој е избран за претседател на Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се наведува дека Ердоган посакал резултатите од изборите да бидат за доброто на иранскиот народ.
„Почитуван претседателе, упатувам искрени честитки до вас поради вашето избирање за нов претседател на Исламската Република Иран како резултат на вчерашните избори во вашата земја. Посакувам резултатите на изборите да бидат за доброто на народот на пријателската и братска земја Иран“, нагласи Ердоган во својата честитка.
„Ја изразувам мојата доверба дека во текот на вашиот претседателски мандат уште повеќе ќе се зајакне соработката меѓу нашите земји. Во оваа насока, сакам да нагласам дека сум подготвен за соработка со вас. Во овие рамки, по надминување на пандемијата на Ковид-19, ќе ми биде задоволство да го посетам нашиот сосед Иран по повод состанокот на Советот за соработка од високо ниво", истакна Ердоган и додаде:
„Ви посакувам успех на новата должност. Ги упатувам моите најдобри желби за благосостојба на пријателскиот и братски народ на Иран, посакувајќи да продолжи зајакнувањето на духот на соработката меѓу нашите земји во сите области“, се истакнува во честитката на турскиот претседател Ердоган.