Ruslan Rehimov
11 Октомври 2020•Ажурирај: 11 Октомври 2020
БАКУ
Иако вчера напладне стапи на сила прекинот на огнот, еден цивил загина во ерменските напади врз азербејџанските населени подрачја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на азебејџанскиот главен државен обвинител наведено е дека ерменската Војска вчера околу 19 часот интензивно изведувала топовски напади врз селата Чеменли и Зенгисал во провинцијата Ахдам.
Гундуз Хусејнов (46) загина во нападот на селото Чеменли. Бројот на азербејџански цивили што го загубија животот во нападите на Ерменија во последните две седмици се зголеми на 32.
На состанокот меѓу азербејџанскиот министер за надворешни работи, Џејхун Бајрамов, и ерменскиот министер за надворешни работи, Зохраб Мнацаканјан, со посредство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, договорено е од вчера, 10 октомври, од 12 часот, во хуманитарни цели, да биде прогласен прекин на огнот за размена на заробеници, затвореници и телата на загинатите во согласност со посредувањето и критериумите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.