Emre Gürkan Abay
20 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
МОСКВА (АА) - Ерменскиот претседател Армен Сакисјан разреши од должност тројца министри на ерменската Влада, јавува Агенција Анадолија (AA).
Со одлука на претседателот, од должност е разрешен министерот за одбрана, Давид Тонојан, а на негово место е назначен Вагаршак Харутјунјан.
Сменет е и министерот за вонредни состојби, Феликс Цолакјан, и министерот за труд Заруи Батојан.
Во Ерменија се одржуваат антивладини протести кои започнаа откако земјата, со посредство на Русија, постигна договор со Азербејџан за Нагорно Карабах. Демонстрантите и опозицијата побараа оставка од ерменскиот премиер Никола Пашинјан.