Necva Taştan Sevinç
09 Октомври 2025•Ажурирај: 10 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Каја Калас, шефицата за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), денес изјави дека ЕУ е подготвена да ја прераспореди својата мисија Рафа и да разговара за начините за поддршка на напорите за стабилизација во Газа, известува Анадолу.
„Подготвени сме да ја прераспоредиме нашата мисија ЕУБАМ Рафа на граничниот премин Рафа. Исто така, подготвени сме да разговараме што можеме да направиме со мандатот на EUPOL COPPS за да им помогнеме на силите за стабилизација кога станува збор за ова место“, рече таа во Париз на состанокот организиран од Франција, на кој се собраа европски и арапски министри за да разговараат за поддршката на Палестинците по војната во Газа.
Таа истакна дека ЕУ е подготвена да разговара за својот придонес кон мировниот план „за да може овој мир да биде одржлив и на терен“.
„Значи, дефинитивно сме подготвени да бидеме дел од тоа, бидејќи сме најголемите донатори на Палестина на полето на хуманитарната помош, но и на Палестинската самоуправа. Затоа мислам, со оглед на тоа што го носиме на масата, треба и ние да бидеме на таа маса за разговори“, додаде таа.
Калас рече дека планот е „да се прераспоредат тие две мисии што веќе ги имаме“ и доколку мандатите треба да се променат или продолжат, „ние сме подготвени да разговараме со земјите-членки што можеме да направиме повеќе.“
„Мислам дека ова е најдобрата шанса што ја имаме во моментов“, истакна Калас и додаде:
„Добро е што се состанавме денес тука, за ова навистина да има меѓународна поддршка и да биде трајно“