Şerife Çetin
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
БРИСЕЛ
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеп Борел изјави дека сакаат да ги развијат односите меѓу Турција и ЕУ и дека бараат патишта за намалување на тензиите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Борел по состанокот на Советот за надворешни работи кој во Брисел за прв пат лице в лице ги собра министрите за надворешни работи на членките на ЕУ, одржа прес-конференција.
Во таа прилика изјави дека меѓу најважните теми биле Латинска Америка и Карибите и дека се согласни како на континентот е потребно да се пружи поддршка во борбата против Ковид-19, како и да се развијат билатералните односи.
Тој потсети и на случувањата во Процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина и дека министрите за надворешни работи го поздравиле повторното придвижување на процесот со цел нормализација на односите.
Борел зборуваше и за Законот за национална безбедност кој Кина го усвои за Хонг Конг и додаде дека ЕУ продлжува да се солидализира со народот во Хонг Конг и да ја поддржува автономијата.
Тој изјави и дека е разговарано за случувањата во Либија.
„Ситуацијата во Либија продолжува да се влошува. Гледаме дека продолжува да се пробива ембаргото на оружјето“, изјави Борел кој зборуваше и за операцијата Ирини и додаде дека сметаат оти Процесот од Берлин е единствена опција за политичко решение.
Една од темите, појаснува Борел, се и односите со Турција, за кое следува долга и интересна дискусија.
„Министрите за надворешни работи ги прифатија резултатите кои им ги претставив како висок претставник и тоа ќе ги одреди идните односи“, изјави Борел.
Тој додаде дека во тие рамки Турција е значаен партнер.
„Сакаме да ги зајакнеме и унапредиме односите со Турција кои се во согласност со вредностите и интересите на ЕУ, изјави тој.
Тој појасни дека министрите за надворешни работи се согласни дека односите со Турција поминуваат низ еден тежок период и дека во согласност со интересите на ЕУ работат на случувањата во Источен Медитеран и во Либија.
Меѓу останатото, изјави дека се согласни дека со дијалогот е потребно да се бараат патишта на намалување на тензиите и постигнување на договор.
Тој додаде и дека се работи на чекорите кои би можеле да ги преземат пред предизвиците кои би можеле да ги доведат активностите на Турција.
Тој изјави и дека министрите за надворешни работи го осудија повторното отворање на џамијата Аја Софија за молитви, и дека ги повикале турските официјални претставници уште еднаш да размислат за оваа одлука.