Ecenur Çolak
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
РИМ (АА) - Во италијанскиот град Милано, се случи железничка несреќа откако воз излета од шините, при што животот го загубија две лица, додека околу 100 лица се повредени, од кои 10 се во тешка состојба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според италијанските медиуми, возот кој патувал од Кремона кон Милано, околу 7.00 часот по локално време излетал од шините во подрачјето на Пиолтело, 15 километри од центарот на Милано.
Во несреќата загинаа две лица, додека 100 се повредени. Десет лица од повредените се наоѓаат во тешка состојба.
Сè уште трае акцијата за спасување на другите патници кои се заглавени внатре во вагоните.
Се истражува причината на несреќата.