Elena Trenchevska Chekovic
09 Октомври 2025•Ажурирај: 10 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Палестинците излегоа на улиците рано утрово низ Газа славејќи откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е одобрена првата фаза од планот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, јавува Анадолу.
Славењето се прошири низ целата енклава, а Палестинците изразија надеж дека долгата војна конечно би можела да заврши.
Планот од 20 точки, првично објавен на 29 септември, вклучува ослободување на сите израелски заробеници во замена за палестински затвореници, прекин на огнот, разоружување на Хамас и обнова на Газа.
Од октомври 2023 година, во израелските напади во Газа убиени се речиси 67.200 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.
Немилосрдното бомбардирање ја остави Газа во голема мера непогодна за живот, доведе до глад и ширење на болести.