Mahmut Geldi
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Икриме Сабри, имам во една од најзначајните џамии во исламската култура и историја, Мезџид Ал-Акса, соопшти дека во последните две години, вкупно 97 посетители на таа џамија во Ерусалим го прифатиле исламот, јавува Anadolu Agency (AA).
Сабри потсети дека посетителите од 17 претежно европски земји, ја посетувале џамијата како туристи во текот на 2015 и 2016 година, а 97 од нив преминале во ислам во џамијата Ал-Акса.
Како штот истакна Сабри во пишаното соопштение, поголем дел од вкупниот број лица што станале муслимани во џамијата Ал-Акса се државјани од САД, Франција, Германија, Велика Британија и Финска.
„Исламот, како вера на правдата и толеранцијата, исто така ги опфаќа сите претходни монотеистички религии. Муслиманите веруваат во сите божји пратеници без исклучок, а тие што стануваат муслимани го прават тоа со своја волја, бидејќи возвишениот Алах ни вели дека во верата нема принуда“, порача Сабри.
Тој напомена и дека како имам на џамијата бил почестен со можноста да им помогне на оние што сакале да го прифатат исламот.
Џамијата Мезџид Ал-Акса во Источен Ерусалим секоја година ја посетуваат стотици илјади луѓе од целиот свет.