Ruslan Rehimov
23 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
БАКУ (АА) – Турција, Азербејџан и Грузија во главниот град на Азербејџан, Баку, започнаа заедничка воена вежба со учество на специјалните сили, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан, во рамките на воената вежба насловена „Кавкаски орел-2019“ ќе се реализираат задачи од типот уништување репрезентативни цели со авиони, спасување заложници и евакуација на ранети.
Воената вежба во која пакистанските трупи ќе учествуваат како набљудувачи ќе заврши на 1 октомври.