Mahmut Geldi
04 Април 2017•Ажурирај: 04 Април 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили во подрачјето на Западниот Брег уапсија 13 Палестинци поради вмешаност во терористички активности против израелски војници и граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелските власти се вели дека упадите се вршени во Фиравун, Зенабе, Бертаја, Кутне и Изне, кои припаѓаат на Западниот Брег и во кампот за бегалци Јалазон, во Рамала.
Израелската страна тврди дека меѓу уапсените има и петмина членови на Хамас.
Локални извори соопштија дека екипите за рушење, со поддршка на израелските војници, срушија четири куќи во Заим, кој припаѓа на источен Ерусалим.
Изградбата на куќите беше завршена неодамна, но тие беа уништени со булдожери, бидејќи сопствениците ги немаа потребните дозволи.
Податоцте на Центарот за истражување Абулах aл-Хаврани при Палестинската ослободителна организација (ПЛО) покажуваат дека израелските власти минатата година уништија 488 куќи и 535 згради користени за различни намени.