Ekip
21 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Домот на човекот кој беше сведок на фаталното подметнување пожар врз домот на едно палестинско семејство во окупираниот Западен брег минатата година беше запален во раните утрински часови во неделата, од страна на eврејски доселеници, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинската новинска агенција „Маан“ го цитираше палестинскиот функционер Гасан Даглас дека неидентификувани напаѓачи фрлиле молотови коктели врз домот на сведокот во селото Дума, кое се наоѓа јужно од градот Наблус во Западниот брег.
Ибрахим Давабшех е единствениот сведок на подметувањето на пожарот во месец јули, минатата година, од страна на еврејски доселеници во кој загинаа 18-месечното бебе Али Давабшех заедно со своите родители, а петгодишниот сих Ахмед Давабшех беше единствениот преживеан во пожарот.
„Тие сакаа да го убијат Ибрахим. Тој беше единствениот кој ги виде доселениците кога ја нападнаа (куќата, минатиот јули)“, изјави за Anadolu Agency (АА) еден од жителите на Дума, додавајќи дека Ибрахим требало да излезе како сведок на суд следниот месец, да даде доказ во случајот за убиството.
„Тие фрлиле молотови коктели и го искршиле прозорецот“, рече Анвар, „Ибрахим (25) заедно со својата жена (22) се разбудиле и излегле од спалната соба“.
Тој уште додаде: „Тие се сега во болница поради вдишениот гас, и многу се уплашени.“
Според Анвар, десетици селани беа подложени на канистерите со солзавец фрлени од страна на напаѓачите.
Портпаролот на израелската армија потврди дека искрснал пожар во дом во селото Дума и дека полицијата го истражува настанот.
Минатата година, нападот со смртоносното подметнување на пожар во куќа на Западниот брег предизвика осуда ширум светот, а израелексите челници го опишаа како терористички.
И покрај големот гнев на Палестинците поради бавниот прогрес во истрагата раководена од израелската полиција, немаше уапсени лица во врска со случајот сè до декември, минатата година.