Handan Kazancı
02 Јули 2023•Ажурирај: 03 Јули 2023
ПАРИЗ (АА) - Министерството за надворешни работи на Франција денес соопшти дека во текот на синоќешните протести предизвикани по полициското убиство на 17-годишно момче, низ земјата се пријавени пожар на 871 локација на јавни површини, дека изгореле 577 автомобили, а оштетени се 74 објекти, пренесува Анадолу.
Француското Министерство денес соопшти дека во текот на протестите спроведени изминатата ноќ низ земјата приведени се 719 демонстранти, а повредени се 45 припадници на полицијата и жандармеријата.
Петта ноќ по ред, низ Франција се одржуваат масовни протести поради неодамнешното полициско убиство на момче, а за одржување на редот на улиците се ангажирани 45.000 полицајци и припадници на жандармеријата.
Во соопштението на француското МВР се наведува дека и илјадници пожарникари биле мобилизирани за зачувување на редот на улиците.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер наведе дека тоа била „тивка ноќ“, благодарение на одличната акција на полицијата.
Франција ја потресуваат протести откако Нахел М., по потекло од Африка, беше убиен од страна на полицијата вечерта на 27 јуни во париското предградие Нантер, бидејќи не запрел поради сообраќаен прекршок.
Приведени се близу 2.000 лица, додека повеќе од 200 полицајци се повредени од почетокот на протестите.
Обвинителството на Франција објави дека полицаецот кој го убил тинејџерот е обвинет за убиство со намера и сместен е во истражен затвор.