Rania R.a. Abushamala
06 Мај 2026•Ажурирај: 06 Мај 2026
Земјотрес со магнитуда од 5 степени го погоди Западен Иран рано утринава, соопшти Сеизмолошкиот центар на Универзитетот во Техеран, јавува Анадолу.
Земјотресот се случи во близина на Гилан-е Гарб во провинцијата Керманшах.
Земјотресот е регистриран во 00:23 часот по локално време на длабочина од 9 километри, соопшти центарот.
Засега не е пријавено дека има жртви или материјална штета.
Иран се наоѓа во сеизмички активно подрачје и последните години имаше многу разорни земјотреси.
Најкатастрофалниот во поновата историја на земјата се случи во 2013 година, кога земјотрес со интензитет од 6,7 степени го погоди градот Бам, при што загинаа најмалку 34.000 луѓе.
Во јули 2022 година земјотрес со магнитуда од 6,1 степен ја погоди јужната провинција Хормозган, по должината на брегот на Персискиот Залив, при што загинаа најмалку пет лица, а повеќе од 80 беа повредени.