Dildar Baykan
07 Ноември 2018•Ажурирај: 07 Ноември 2018
ЊУЈОРК/ ВАШИНГТОН (AA) - Гласачите во Соединетите Американски Држави (САД) денеска бираат нов состав на Претставничкиот дом и третита на составот на Сенатот, а тоа се првите избори по доаѓањето на власт на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласањето во државите на истокот на САД, кое започна во 06:00 часот по локално време, се уште трае.
Полет, по потекло од Хаирли, гласаше во Менхетен, а во разговор за Аа рече дека овие избори се ажни и за мигрантите, додавјаќи дека тие се многу важен дел од американското општество.
„Многу е важно да се излезе и да се гласа. На гласачкото место можеме да го изразиме за она за што се бориме. Во вакво опкружување не можеме само да седиме дома и да ја гледаме нашата борба", рече Полет.
Чарли Браун од Њујорк истакна дека станал рано наутро и дошол да гласа.
„Гласав за да на тој начин го изразам своето мислење за случувањата во нашата земја. Овие избори се показател дека ние сме демократија, да имаме различни идеи и дека можеме слободно да се изразиме", рече Браун.
Францис, уште еден гласач од Менхетен, истакна дека овие избори се многу важни и додаде дека со нетрпение ги очекува резултатите.
Боби, кој гласаше во Вашингрон, рече дека за него овие избори се многу важни, највеќе поради економските прашања во земјата.
Гласачките места се отворени во сите делови на САД во согласност со временските зони, а први на гласачките места утрово излегоа гласачите во Вермонт.
Можност за предвремено гласање веќе ја искористија повеќе од 36 милиони американски гласачи, што е речиси двојно повеќе од бројот на гласачите кои таа можност ја искористиле на изборите во 2014 година.
Аналитичарите тврдат дека и тоа е показател на големиот интерес на гласачите на овие избори на кои Демократската партија сака да ја преземе власта од моментално водечките републиканци во свата дома на Конгресот.
Гласачите ги бираат сите 435 пратеници на Претставничкиот дом и 35 од вкупно 100 пратеници во Сенатот.
Републиканската партија моментално има мнозинство водвата дома на Когресот.