АНКАРА (АА) - Турските државјани во странство на претстојните претседателски и парламентарни избори граѓанската должност ќе ја извршат во 123 претставништва во 60 земји на пет континенти. Во Турција, изборите ќе се одржат на 24 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Податоците на Дирекцијата на турската дијаспора и сродните заедници (YTB) покажуваат како турските државјани кои живеат во странство можат да гласаат од 7 до 19 јуни или на 24 јуни на граничните премини.
Потребни се најмалку 500 регистрирани гласачи во странските претставништва за да бидат отворени избирачки места.
Во Германија има 13 претставништва, кои оваа земја ја прават рекордер кога е во прашање турската дијаспора. Со седум претставништва следуваат САД. По четири претставништва имаат Франција, Грција, Кина, Канада и Русија.
Турските државјани ќе имаат можност да гласаат на три избирачки места во Австралија, Австрија, Азербејџан, Бугарија, Холандија, Иран, Швајцарија и Казахстан.
Италија, Шпанија, Ирак, Косово, Египет, Романија, Украина, Белгија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Грузија и Саудиска Арабија се земјите со по две претставништва.
Овозможено е и гласањето во амбасадите на Турција во Македонија, Албанија, Бахреин, Босна и Херцеговина, Алжир, Чешка, Данска, Финска, Јужна Африка, Ирска, Израел, Шведска, Јапонија, Катар, Киргистан, Кувајт, Турската Република Северен Кипар, Либан, Луксембург, Малта, Молдавија, Норвешка, Узбекистан, Полска, Србија, Сингапур, Судан, Тајланд, Туркменистан, Оман, Јордан и Нов Зеланд.
Турците во Германија, Франција и Австрија ќе можат да гласаат од 7 до 19 јуни, а од 9 до 19 јуни во Данска.
Гласањето во САД, Австралија и Луксембург ќе се одржи од 9 до 17, и во Норвешка од 14 до 19 јуни.
Турската дијаспора во Белгија, Холандија и Швајцарија ќе гласа од 15 до 19 јуни.
Во Македонија и БиХ, изборните места ќе бидат отворени на 16 и 17 јуни, а во Србија, Албанија и Косово на 17 јуни.
Во Обединетото Кралство Турците ќе можат да гласаат од 16 до 19 јуни, а во Италија и Tуркменистан помеѓу 15 и 17 јуни.
Од 16 до 18 јуни, гласањето ќе се одржи во Бугарија, Канада и Турската Република Северен Кипар.
Од 16 до 17 јуни ќе се одржи гласањето во Бахреин, Алжир, Кина, Финска, Шведска, Катар, Казахстан, Киргистан, Либан, Романија, Русија, Судан, Саудиска Арабија, Украина и Грција.
Во недела, на 17 јуни, избирачките места ќе бидат отворени во Азербејџан, Чешка, Јужна Африка, Грузија, Ирак, Иран, Ирска, Шпанија, Јапонија, Кувајт, Унгарија, Малта, Египет, Молдавија, Узбекистан, Полска, Сингапур, Тајланд, Оман, Јордан и Нов Зеланд.