Mona Saanouni
15 Април 2019•Ажурирај: 15 Април 2019
ПАРИЗ (AA) - Градоначалничката на Париз Ан Хидалго изјави дека кулата од катедралата Нотр-Дам, висока 93 метри се урна во пожарот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека во пожарот се урнал и кровот од познатата катедрала во Париз.
Покрената е посебна акција во обид да се сочуваат уметнички дела кои се наоѓаат во катедралата.
Градоначалничката на Париз на социјалната мрежа Твитер напиша дека пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот во катедралата
„Страшен пожар избувна во катедралата Нотр-Дам во Париз. Пожарникарите се обидуваат огнената стихија да ја стават под контрола", наведе Хидалго.
Се уште не е позната причината за пожарот.
Потсетуваме, пожар на познатата катедрала Нотр-Дам избувна попладне.
Во соопштението на париската полиција се наведува дека избувнал пожар во делот на катедралата во кој се изведуваат одредени градежни работи.
Локалните медиуми наведуваат дека на лице место се наоѓаат голем број пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.