Tuğçenur Yılmaz
09 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (ОЦХА) објави извештај за кршењето на правата на цивилите во сирискиот Африн од страна на ПЈД/ЈПГ, огранок на терористичката организација ПКК во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за извештај во кој се наведуваат податоци за присилното држење на цивилите во Африн, како и за нивното присилно вооружување.
Во извештајот се вели дека движењето во Африн е ограничено, особено на мажите. Исто така, се наведува дека на цивилите не им е дозволено да го напуштат Африн. Меѓутоа, една група успеа на 6 февруари да премине преку Зиксар во областа што е под контрола на силите на режимот.
Станува збор претежно за жени и деца, додека мажите не смеат да ја напуштат оваа област.
Во извештајот, исто така е наведено дека десет проценти од луѓето во Африн и Идлиб немаат документи за идентификација.
Операцијата во Aфрин беше започната на 20 јануари во согласност со правата на Турција засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува на член 51 од Договорот на ОН или правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со заштита на територијалниот интегритет на Сирија.
Режимските сили во јули 2012 година, без отпор им ја препуштија на терористите од ПЈД/ПКК контролата врз Aфрин, кој стана еден од главните центри на терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК во моментов под окупација држат 65 проценти од сириско-турската граница, а во Aфрин се наоѓаат помеѓу 8.000 и 10.000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија.
Од средината на 1980-тите, ПКК спроведува терористичка кампања против Турција.