Ayhan Şimşek
09 Мај 2023•Ажурирај: 10 Мај 2023
БЕРЛИН (АА) - Екстремно десничарските екстремисти извршиле над 2.000 напади во Германија минатата година, се вели во новиот извештај на групата за човекови права ВБРГ, јавува Анадолу.
„Минатата година, 2.871 лице беше директно погодено од десничарски политички мотивирани напади. Ова е највисока бројка досега“, изјави Роберт Куше, член на одборот на групата за човекови права, на прес-конференција во Берлин.
„Секој ден најмалку петмина стануваат жртви на десничарското насилство во Германија“, рече Куше и ги повика властите да преземат посериозни мерки против расизмот и екстремно десничарските групи.“
Центрите за советувања на ВБРГ во 10 покраини пријавија 2.093 расистички напади минатата година, кои опфаќаат вербални и физички напади и подметнати пожари насочени кон бегалски домови.
Според извештајот, насилните злосторства на десничарските екстремисти се зголемиле за повеќе од 15 отсто минатата година, најмногу во источните германски покраини.
Германија е сведок на растечки расизам во последниве години, поттикнат од пропагандата на екстремно десничарските групи и партии, кои ја искористија бегалската криза и се обидоа да поттикнат страв од мигрантите.