Израел го забрани исламското движење во Палестина
Групата, позната по протестите против заканите кон џамијата Ал-Акса во Ерусалим, е забранета од страна на Израел за "поттикнување" ?????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 18 Ноември 2015
ЕрусалимЕРУСАЛИМ (АА) - Израел ја забрани групата на муслиманските активисти позната по кампањата за џамијата Ал Акса во Ерусалим, обвинувајќи ја за "поттикнување и пропаганда."
Во соопштението на владата издадено во вторникот се вели дека северниот огранок на Исламското движење, со седиште на територијата на Израел и предводено од страна на веќе затворениот активист, Раед Салах, е забранета по одлука на израелскиот кабинет за безбедност.
Секојдневните протести на организацијата кај Ал-Акса - третото најсвето место во исламот - против очигледните закани за поделба на џамијата од страна на Израел, ја натера владата, да стави десетици нејзини активисти на црната листа за влез во џамијата, а нејзиниот лидер, Салах, е осуден на затворска казна за „поттикнување на насилство.“
„Овие активности на исламското движење доведоа до значително зголемување на тензиите. Еден значаен дел од неодамнешните терористички напади биле извршени како резултат на „ова поттикнување и пропаганда“, се вели во соопштението.
Се однесува на насилствата од октомври наваму во кои загинаа 88 Палестинци и 13 Израелци.
„Секое лице кое ќе дава услуги, или кое ќе делува во нивна корист, врши кривично дело и е предмет на казна затвор. Исто така, постои можност за запленување на сиот имот кој и припаѓа на организацијата.“
Портпаролот на израелската полиција, Мики Розенфелд, изјави за Anadolu Agency (AA) дека израелската полиција конфискуваше документи и компјутери по пребарувањето 17 канцеларии поврзани со исламското движење на север.
Најновите тензии започнаа на 13- ти септември, кога Израел воведе ограничувања за влез во Ал Акса според возраста, кое коинцидираше со серијата еврејски празници, кога голем број Евреи го посетија местото, кои, исто така, го сметаат за свето.
Огранокот на исламското движење на Салах, како и повеќето палестински фракции, протестираа против ограничувањата. Тие рекоа дека ограничувањата се обид да се промени договорот за тоа како се управува со комплексот Ал Акса.
Тие, исто така, рекоа дека самата џамија е под закана на Израел, кој тие го обвинуваат дека сака физички да ја подели помеѓу муслиманите и евреите.
Во меѓувреме, портпаролот на Хамас, Сами Абу Зехри во вторникот рече дека израелската забраната е расистички акт против арапското присуство во внатрешноста на окупираните територии на Палестина.