Ethem Emre Özcan
12 Март 2023•Ажурирај: 13 Март 2023
Израел наводно извршил напад врз некои точки на силите на Башар Асадовиот режим во сириските подрачја на Тартус и Хама, пренесува Анадолу.
Во веста на новинската агенција на Асадовиот режим, САНА, што се заснова на воен извор, се тврди дека Израел во 7:15 часот извршил напад врз некои точки на силите на Асадовиот режим во руралните подрачја на Тартус и Хама.
Во веста исто така се тврди дека во нападот биле повредени тројца војници на војската на режимот.
„Нашите воздушни одбранбени системи срушија дел од непријателските ракети“, се додава во веста.
Израелските власти сè уште не излегоа со изјава во врска со случајот.