Hosni Nedim,Mehmet Nuri Uçar
30 Март 2025•Ажурирај: 31 Март 2025
ГАЗА (АА) - Најмалку 20 Палестинци се убиени, од кои 10 деца, а голем број се повредени во нападите што израелската армија ги изврши врз различни делови на Појасот Газа, известува Анадолу.
Израел продолжи да ги напаѓа северните и јужните региони на Појасот Газа на првиот ден од Рамазан бајрам.
Според информациите добиени од здравствени извори, израелската армија извршила напади врз центарот на градот Газа, регионот Џабалија и Хан Јунис гаѓајќи куќи, шатори и цивилни возила.
Во нападите се убиени 20 Палестинци, меѓу кои 10 деца, а голем број се повредени.
- Убиените деца биле облечени во празнична облека
Се нагласува дека убиените деца во напаадот на Израел биле облечени во празнична облека.
Интензивен артилериски оган бил извршен од тенкови на израелската армија во регионот Абсан ел-Кебира источно од Хан Јунус. Во нападот има загинати и повредени Палестинци.
Израелската армија изврши воздушен напад врз 3 цивилни возила во маалото Туфах во градот Газа, и интензивен оган врз маалото Шуџаије.
Воени авиони ја бомбардираа семејна куќа во областа Џабалија во северниот дел на Појасот Газа. Се соопштува дека во нападот има убиени и повредени.
- Израел на 18 март ги обнови напади врз Појасот Газа
Израелската армија на 18 март ги обнови бруталните напади врз Палестинците, по прекинот на огнот кој стапи на сила на 19 јануари во Појасот Газа.
Во овие напади досега се убиени повеќе од 920 луѓе, а ранети се повеќе од 2.000, со што беше прекршен договорот за прекин на огнот и размена на заробениците.
Речиси 50.300 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 114.000 се ранети во бруталните израелски воени напади врз Газа од октомври 2023 година.
Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.