Turgut Alp Boyraz
28 Јули 2017•Ажурирај: 28 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (AA) – Израелската полиција денеска донесе одлука за забрана за влез во џамијата Ал Акса во Ерусалим на машки лица помлади од 50 годни, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од израелската полиција наведено е дека денеска во џамијата Акса во Ерусалим нема да може да влезат машки лица од 50 години и нагласено е дека за жените не се воведени било какви органичувана.
Внатре и околу ерусалимскиот Стари град зајакнати се безбедносните мерки и наведено е дека некои од околните улици ќе бидат затворени.
Полицијата наведе дека овие мерки се воведени откако добиле информација дека „Палестинците се подготвуваат за протести и предизвикување нереди".
Палестинското Министерство за здравство синоќа соопшти дека во текот на вчерашните судири внатре и пред Ал Акса се ранети 126 Палестинци, од кои и околу 40 нив се ранети со гумени куршуми.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека 21 лице е префрлено во болниците во Ерусалим. Палестинец, ранет во текот на интервенцијата на израелската полиција во окупираниот Источен Ерусалим почина од добиените повреди.
Десетици илјади луѓе вчера почнаа да влегуваат во комплексот на џамијата Ал-Акса.
По интензивните реакции на Палестинците, во овој град, во четврток, по попладневите часови, отворени се сите влезови од овој храм.
Ерусалим е свето место за муслиманите, евреите и христијаните, а џамијата Ал-Акса претставува трето најсвето местото на исламот во светот, по Мека и Медина во Саудиска Арабија.