Moustafa Maged Haboosh,Zeynep Hilal Karyağdı
23 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
ГАЗА (AA) - Во интервенција на војниците во текот на мирните протести наречени „Маршот за големото враќање" кои Палестинците ги организираат долж границата со Газа, загина 15 годишно дете, а ранети се 41 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Министерството за здравсто на Палестина во Газа, Ешреф ал-Кудра изјави дека Јусуф Саид Хусеин ед-Даје почина по добиените повреди во нападот на израелските војници.
Додаде дека во интервенцијата на израелските војници се ранети 41 лице.
Палестинците од 30 март долж границата на Појасот Газа и Изрел организираат протести „Маршот за големото враќање". Демонстрантите бараат враќање на териториите од кои се протерани, како и укинување на блокадата на Газа воведена во 2006 година.
Во интервенциите на израелските војници на протестите од 30 март убиени се повеќе од 230 Палестинци. Во истиот период во воздушните и тенковските напади на Газа убиени се најмалку 14 Палестинци.