Yaser Albanna,Safiye Karabacak
09 Ноември 2018•Ажурирај: 10 Ноември 2018
ГАЗА (АА) – Израелските војници денеска ранија 25 Палестинци во текот на мирните протести Големиот марш за враќање одржани во пограничниот дел на Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за здравство на Палестина се наведува дека еден од ранетите Палестинци добил тешки повреди во пределот на вратот.
Ранетиот Палестинец итно е префрлен во болница во Газа. Во соопштението се додава дека израелските војници на демонстрантите отвориле оган со боева муниција.
Палестинците од 30 март на границата на Појасот Газа и Израел организираат мирни демонстрации под називот „Голем марш за враќање“.
Израелските војници против цивилите кои бараат враќање на територијата од која се протерани и укинување на блокадата воведена во 2006 година на Газа, користат муниција.
Во интервенцијата на израелските војници, за време на демонстрациите од 30 март, убиени се повеќе од 200 Палестинци, додека илјадници се ранети.