Aida Cako
19 Септември 2025•Ажурирај: 19 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Илјадници граѓани вчера излегоа на улиците во повеќе шпански градови за да изразат поддршка за Палестина и да протестираат против континуираните израелски напади врз Газа.
По повик на движењата за солидарност со Палестина, демонстрации се одржаа во Барселона, Валенсија и главниот град Мадрид, како и во други градови низ земјата.
Протестантите извикуваа пароли како „Слободна Палестина“ и „Стоп за геноцидот“, а воедно ја искажаа и својата поддршка за меѓународната флотила „Сумуд“, која исплови кон Газа и има за цел да ја пробие израелската блокада на територијата.
Протестите следуваат по најавата на шпанскиот премиер Педро Санчез, кој претстави девет мерки за запирање на геноцидот во Газа. Меѓу нив се забрана за влез на екстремистички израелски министри во Шпанија, трајно ембарго за оружје и забрана за увоз на производи од окупираните палестински територии.
Израелската војна во Газа, што трае од октомври 2023 година, досега одзеде повеќе од 65.000 палестински животи и ја остави енклавата уништена и соочена со глад.
Против Израел во моментов е започнат и случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Газа.