Halit Süleyman
24 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АЗЕЗ (АА) - Секој ден илјадници луѓе бегаат од подрачјата под контрола на терористичките организаци ДАЕШ И ПЈД кон градовите кои се под контролна на опозициските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Јасир Мухамед, еден од локалните активисти во областа Азез во својата изјава за АА, рече дека секој деј илјадници луѓе доаѓаат во градот Азез кој е под контрола на опозициските сили, бегајќи од подрачјата кои се под контрола на терористичките организаци ДАЕШ и ЈПГ.
Истакувајќи дека семејствата кои бегаат од ДАЕШ и ПЈД во раните утрински часови стигнале во селото Харчеле источно од Азез, Мухамед рече дека, повеќето од семјествата се сириски Туркмени и дека побегнатите семјеста со автомобили се транспортираат во градот. Побегнатите емејства поминуват низ контролната точка формирана од страна на Султан Мурат Тугај.
Мухамед посочи дека повеќето Сиријци кои бегаат од подрачјата под контрола на ДАЕШ се од областа Диер ез-Зор и Рака и од округот Баб на Халеп.
Двојно се зголеми бројот на бегалци откако Мумбич беше заземен од страна на Арапска коалиција на Сирија и ПЈД.
Додавјаќи дека и порано секој ден околу 400 и 600 лица се засолниле во подрачјето Азез, Мухамед рече дека по заземањето на оваа област Мумбич на 12 август од страна на Арапска коалиција на Сирија поддржувана од САД и ПЈД овој број достинга и до 1000 на ден.
Мухамед информираше дека само денеска во подрачјето пристигнале 2 500лица, „семејствата и децата дојдени во Харџеле се изморени и исцрпени. На пристигнатите семејства од страна на хуманитарните организаци им се дава вода и храна", рече тој.
Мухамед истакна дека дел од сиријците кои бегаат од подрачјата под контрола на ДАЕШ И ПЈД се ориентираат кон Азез а другиот дел преку Африн кој се наоѓа под контрола на опозициските сили одат во Идлиб.