Ekip
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
МАДРИД (АА) - Илјадници Шпанци се собраа во Мадрид за да ја искажат својата поддршка на единствена Шпанија и протестираа против планираното отцепување на североисточнио регион на Каталонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Масата го преплави плоштадот Плаза де Колон со шпански знамиња, додека некои од насобраните скокнаа во фонтаната и танцуваа.
Митингот е организиран шест дена откако Каталонија одржа референдум за отцепување, за кој шпанската влада изјави дека е незаконски, а Уставниот суд го суспендираше.
Сепаратистичките пратеници во Народното собрание на Каталонија сега размислуваат за тоа дали еднострано да прогласат независност, при што во Шпанија би предизвикало длабока национална криза.