Ekipa
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
СРИНГАР (АА) - Во лавина што ја зафати индиската провинција Кашмир загинаа четворица членови на едно семејство и еден индиски војник, додека пак десетици се спасени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјален претставник на полицијата, Сајед Јава Муџтаба Гилани изјави дека голема лавина затрупала куќа во областа Гурез, при што загинаа четири лица. Гилани истакна дека еден член на семејството успеал да преживее.
Портпаролот на индиската армија, полковникот Рајеш Калиа вели дека во лавината што се спуштила врз касарната во областа Сонамарг загина еден војник, а десетици се спасени.
Инаку, во Кашмир лавините и одроните се многу честа појава. Минатата година во лавина во овој хималајски регион загинаа најмалку 14 војници.