Ekip
22 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
ГУВАХАТИ (AA) – Од индијската полиција објавија дека на североисточниот дел на Индија во банкомат влегол глушец и почнал да јаде пари. До моментот кога го пронашле, уништил пари во вредност од околу 16.500 евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот надзорник во градот Тинсукиа, Мугда Јоти Маханта, изјави дека кога техничарите на 11 јуни дошле да го поправат расипаниот банкомат на Државната банка на Индија, во него пронашле мртов глушец и речиси 1,3 милиони рупии (околу 16.500 евра), соџвакани во делови. Глушецот во банкоматот влегол низ мала дупка за кабли.
Од банката денес соопштија дека е наложено спроведување на истрага.