Ekip
04 Мај 2022•Ажурирај: 04 Мај 2022
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 25 лица починаа како последица на топлотниот бран што ја погоди индиската држава Махараштра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Екстремно високите температури во тој западен регион на Индија варираат меѓу 42 и 46 степени Целзиусови од крајот на март.
Најтешко погодена област е Видаба, каде што загинаа 15 лица. Уште 6 лица загинаа во Маратвада и 4 во центарот на Махараштра.
Поради топлотниот удар лекарска помош побарале 381 лице.
Индија се соочува со една од најекстремните летни горештини во историјата. Во март, просечните максимални температури во месецот беа највисоки во последните 122 години.
Индискиот метеоролошки оддел соопшти дека температурите во голем број држави биле 3 до 6 степени над просекот во последните недели.
Метеоролозите најавуваат продолжување на топлотниот бран во неколку индиски региони.