Mahmut Atanur
11 Јануари 2021•Ажурирај: 12 Јануари 2021
ЏАКАРТА (АА) - Продолжена е опсежната акција за потрага и спасување во подрачјето во кое падна патничкиот авион во Индонезија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Координаторот на Националната агенција за потрага и спасување (BASARNAS) изјави дека денешните активности за барање и спасување ќе ги извршуваат од 53 бродови на подрачјето на кое се сруши авионот.
Наведувајќи дека продолжуваат активностите на шест различни подрачја со учество на 2.600 лица од персоналот во регионот, Расман изјави дека приватните нуркачи на тоа подрачје и понатаму ги бараат деловите на авионот и телата на настраданите.
Црната кутија од авионот, чија локација е утврдена вчера, сè уште не е извадена од остатоците на авионот во морето.
Напоменувајќи дека причината за несреќата може да се разјасни со испитување на црната кутија, властите сè уште не дадоа службена изјава во врска со причината за падот на авионот.
Министерот Буди Карја Сумади претходно изјави дека е изгубен контактот пет минути по полетувањето на авионот и дека авионот со 50 патници и 12 членови на посадата паднал меѓу Лакија и Ланчанг.
Портпаролката на Министерството за транспорт, Адита Иравати, изјави претходно дека последниот контакт со авионот е остварен на 9 јануари во 14:40 по локално време, по полетувањето од Џакарта кон Понтианак.
Патничкиот авион на индонезиската компанија „Сривиџаја ер“ (Sriwijaya Air) во саботата се сруши во морето за време на летот на линијата од Џакарта кон Понтианак.
Авионот се сруши во морето меѓу островот Лаки и Ланчанг, северно од Џакарта, каде што спасувачките екипи ги пронајдоа остатоците од авионот, посмртните останки и багажот на жртвите.
Во авионот во моментот на несреќата се наоѓале 62 лица и тоа 12 членови на посадата и 50 патници, меѓу кои и десет деца.