Ahmet Dursun
18 Јануари 2024•Ажурирај: 19 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Иран објави дека седум лица, од кои три жени и четири деца, се загинати во ракетниот напад што Пакистан го изврши врз село во пограничниот регион, пренесува Анадолу.
Говорејќи за иранската државна телевизија, заменик-гувернерот на покраината Систан-Белуџистан, Али Реза Мерхамети, објави дека Пакистан во утринските часови извршил ракетен напад врз село во пограничното подрачје на покраината.
„Меѓу загинатите три се жени, а четири деца, странски државјани“, рече Мерхамети.
Тој наведе дека експлозија се случила и во градот Сераван во покраината, но наведе дека нема жртви.
Пакистанското Министерство за надворешни работи објави дека се извршени серија висококоординирани и специјално насочени чувствителни воени напади врз „терористичките засолништа“ во иранската покраина Систан-Белуџистан.