Ahmet Dursun
05 април 2026•Ажурирај: 05 април 2026
АНКАРА (АА) - Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денес соопшти дека соборил американски борбен авион Ф-35 во централните делови на земјата, јавуваат иранските медиуми, пренесува Анадолу.
Поради уништувањето на леталото, судбината на пилотот останува непозната, објави полудржавната новинска агенција „Тесним“, повикувајќи се на соопштението на ИРГЦ.
Ова е вторпат Иран да тврди дека соборил американски борбен авион Ф-35 во екот на тековната ескалација што започна на 28 февруари.
Соединетите Американски Држави сè уште не одговориле на овие изјави.
На 19 март, исто така, Иран објави дека соборил американски авион Ф-35, тврдење што тогаш беше отфрлено од Вашингтон.
Вчера Техеран дополнително соопшти дека соборил и израелски авион Ф-16.
Регионот е во состојба на зголемена готовност откако САД и Израел на 28 февруари започнаа воздушна офанзива, при што, според достапните информации, загинале повеќе од 1.340 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази. Во нападите има жртви и предизвикана е материјална штета, како и нарушувања на глобалните пазари и авиосообраќајот.