Ali H. M.Abo Rezeg
17 Октомври 2017•Ажурирај: 17 Октомври 2017
СУЛEЈМАНИЈА (АА) - Провладините сили денес ja презедоа контролатa над граничниот премин Парвезкхан, пoмеѓу Ирак и Иран, соопшти официјално лице од ирачките безбедносни сили, јавува Anadolu Agency (AA).
„Борците на Хашд ал Шаби, стационирани на ирачка страна, ја преминаа границата и ја презедоа контролата над преминот“, вели официјалното лице кое зборуваше под услов да остане анонимно.
Иран има три главни премини со тој регион: Хаџи Омаран (во покраината Ербил), Парвезкхан и Башмак.
Ирачките сили вчера го зазедоа ирачкиот град Киркук, три недели откако Курдската регионална управа (KRG) одржа референдум за независност.