Fatma Bülbül
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
АНБАР (АА) - Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади денес потврди дека градот Калидија, во западната ирачка покраина Анбар, е ослободен и веќе не е во рацете на терористичката организација ДАЕШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во меѓувреме, во денешните судири на ирачките сили и борците на ДАЕШ во покраините Анбар и Саладин, загинаа најмалку пет војници и девет милитанти, соопшти полковникот Валид ал-Дулаими од воената команда на Анбар.
Ирак се наоѓа во разорен безбедносен вакуум од средината на 2014 година, кога ДАЕШ го зазеде Мосул, како и огромна територија во северните и западните делови на земјата.
Ирачката армија, со помош на своите сојузници на теренот и со помш на воздушните напади на коалицијата предводена од САД, успеа да врати голем дел од изгубената територија. Сепак, ДАЕШ под цврста контрола држи одредени делови од Ирак, вклучувајќи го и Мосул, вториот по големина ирачки град.
Ирачките сили во четвртоткот повторно ја презедоа контролата над подрачјата Кајара и Махмур во близина на Мосул.